еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На Саемот за мебел ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови

Сѐ е подготвено за почетокот на една од најатрактивните саемски манифестации кај нас, запаметена и со нетрпение очекувана заради оригиналните идеи за уредување на домот.

Саемот на мебел, кој ќе се одржи од 29 март до 2 април, ви нуди исклучителна можност на едно место да го одберете своето идеално парче мебел и да ги искористите  атрактивните саемски попусти.

На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот.

„Партнер на годинашното издание на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите на саемот ќе им понуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност на специјалниот штанд на Комерцијална банка да се информираат и да аплицираат за разновидни кредитни производи,“ се вели во соопштението.

Саемот на Мебел започнува на 29 март и ќе трае до 2 април, со работно време од 10 до 20 часот, а ќе се одржи во Комплекс – „Борис Трајковски“. Билети може да се набават на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: karti.com.mk и mktickets.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По неколку години пауза, Саемот на мебел ќе се одржи од 29 март до 2 април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Македонија во интеграциите

Редакција

ГТЦ со добивка во првото полугодие

Редакција

Путин предупредува дека судирот на Блискиот Исток може да се прошири

Редакција