Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини.
Во моментов се располага со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на „Синовак“ и 100.000 дози „Фајзер“.
Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната vakcinacija.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“
Фото: МЗ