Во целата држава утринските температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и Струмица со -8. Во Скопје и Гевгелија се измерени -7 степени, во Охрид -6 и во Крушево и Дебар -5 степени.
Утринава е сончево, тивко и студено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени.
За утре се најавува повремен снег на планините во западните делови, а веќе во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд.