еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Трезор“ исклучена јавноста, сведочи вработена во УБК

Со сведочење на Александра Николовска вработена како инженер во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Трезор“  на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

На барање на обвинителот на СЈО, Артан Ајро, претседателката на судечкиот совет Џенета Бектовиќ ја исклучи јавноста, со образложение дека сведочењето на Николовска може да содржи службена или деловна тајна.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протоколите на тест: Негувателка од градинка во Битола заразена од Ковид-19

Редакција

(Видео) 12 полицајци 959 пати поминале бесплатно на патарина

Редакција

Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ: Кој влезе во „трката“, кој отпадна?

Редакција