Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор.
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци.
На шест години и три месеци затвор, пак, е осуден поранешниот министер за наука и образование, Спиро Ристоски.
За виновен е прогласен и Владимир Атанасов, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), и е осуден на шест години затвор.
Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше една година и шест месеци.
Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата истакна дека државата не се брани со тепање пратеници, односно според него државата не се брани и не се гради со насилство.
Обвинителството предложи изрекување мерка притвор за обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”
МИА/Фото: МИА