еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Националните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година

Владата на денешната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ со цел националните радио станици да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации, известуваат од владината Прес-служба.

Оттаму додаваат дека со ова со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризните мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билјана Алампиоска Андреевска, колекционер на „Малиот принц“: Ја поседува книгата на 51 јазик и има повеќе од 60 различни изданија

Силвана Жежова

Поевтино и порелаксирано пазарење со клуб картичката на Рептил

Редакција

(Видео) Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот

Редакција