На 10.01.2020 во 15,55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир, информира МВР.
Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.
Истиот ден во 19.00 часот при контрола на товарен воз кој пристигнал од Република Грција од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир .
Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.