Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември покажуваат дека во Македонија за една недела има 5.518 нови случаи на Ковид-19.
„Тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,2% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 14,6% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири лица биле на возраст од 20-39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19
За една недела 73 деца до 9 години заболени со Ковид-19
Фото: МЗ