еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалување од 40,6%: Минатата недела 635 нови случаи на Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 5 до 11 септември покажуваат дека се тестирани вкупно 4.070 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 18,3% во однос на минатата недела (n=4.984).

“Регистрирани сe 635 нови позитивни случаи од 28 градови во државата, со намалување од 40,6% во однос на минатата недела (n=1.069).

Процентот на позитивност се движи од 7,4% до 18,3%, просечно 14,5%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=337; 53,1%).

Највисока инциденца е регистрирана во Берово (128,6/100.000) и Кратово (106,0/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела 4 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Друже Зоќи, љубичице бела, тебе воли омладина цела“: Твитер за споредбата на Каевски на Заев со Тито

Редакција

(Видео+фото) Во САД двегодишно дете со пиштол ја уби бремената мајка

Редакција

Засега нема причина за зголемување на цената на струјата, вели Бислимоски

Редакција