еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жена почина на концерт на Калиопи, за пејачката тоа е најтажниот ден во нејзината кариера

70-годишна жена почина на концертот на Калиопи во Белград.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денеска наместо да го славиме животот, изгубивме еден.

Во мое и во име на целиот тим, изразувам најдлабоко сочувство на семејството на починатата.

Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас.

Се надевам дека публиката ќе има разбирање поради одложувањето на концертот. Новиот термин наскоро ќе биде објавен,“ напиша Калиопи на нејзиниот Инстаграм профил.

Според пишувањата на српските медиуми, Итната медицинска помош се обидела да ја реанимира жената, но безуспешно.

Пејачката исто така била на сослушување во полиција.

Фото: Калипои/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Штип ќе добие еко парк на 70.000 метри квадратни со мало езерце

Редакција

(Видео) Хаос во албанскиот парламент: Пратеник го „почести“ Еди Рама со јајца

Редакција

МВР склучи договор со фирма од Франција вреден 3,9 милиони евра

Редакција