Поделени се мислењата од вчерашниот директен пренос на Македонската радиотелевизија од пречекот на ракометарите од скопски Вардар кои по втор пат покажаа дека финансиите не се пресудни за да се освои европската шампионска титула.
Од една страна граѓаните на социјалните мрежи имаат позитивни коментари околу начинот на кој се вршел преносот, вклучително и употребата на дронови за да се „долови“ атмосферата, а од друга страна се фаќа сеир на најновите технолошки достигнувања и киксовите на националниот сервис.
Сепак, многу поважно прашање е зошто МРТ не обезбеди пренос од натпреварот во кој ракометарите на Вардар и покажаа на цела Европа дека во Македонија се игра врвен ракомет.
Во услови кога македонскиот клупски ракомет, кој е основа за успешна репрезентација, пали и гаси по Европа и победува тимови кои располагаат со повеќекратно поголеми буџети, одговорните во МРТ, но и владејачките структури треба добро да размислат каква поддршка заслужуваат нашите спортисти.
Кој ќе понесе одговорност за што историски натпревар како завчерашниот, македонските граѓани и навивачи мораа да го гледаат на српски канали или на интернет.
Крајно време е да се сфати дека само со директно следење на вакви историски натпревари може да се разбудат срцата на најмладите и да поттикнат да се занимаваат со спорт, што е единствен начин да продолжат успесите на македонскиот ракомет и во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Како градоначалникот Петре Шилегов го „виде“ пречекот на ракометарите на Вардар
„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје
(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси
„Леле леле што направивме“: Твитер реакции за шампионот Вардар