еМагазин
Image default
Локално

Нападнат лекар на Итна медицинска помош во Куманово

Во Куманово лекар од Итната медицинска помош пријавил во полиција дека бил мета на физички напад при извршување на неговата работа.

Случајот во СВР – Куманово, лекарот В.В го пријавил вчера во 10.20 часот, при што го објаснил целиот настан со нападот.

„На 01/02.08.2020 околу 22.00 часот, додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово-Свети Николе, во близина на с.Добршане, лекарот бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Вевчани ширел расизам преку Фејсбук

Редакција

Скопјанец пронајден починат во неговиот стан

Редакција

„Летале“ тупаници, безбол палкa и шипкa во тепачка поради неврзано куче

Редакција