еМагазин
Локално

Нападнат полицаец кој интервенирал во расправија во Прилеп

На 17.09.2018 година во 22:50 часот во Полициска станица Прилеп е пријавена поплака од страна на лицето Б.Ц. од Прилеп, информира МВР.

На местото на настанот се упатиле двајца полициски службеници при што затекнале, патничко моторно возило „Ауди 100“, и лицата К.И. и пријавителот Б.Ц. кои започнале вербална расправија.

Од страна на полициските службеници се преземени мерки со цел да ги разделат, легитимираат и да ги предупредат лицата. Во еден момент лицето К.И. истрчало кон еден полициски службеник и го удрило во пределот на вратот и рамото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Редакција

Од струен удар животот го загуби 22-годишно момче од тетовско Боговиње

Редакција

„Врие“ од дрога низ кафулињата: И синоќа при контроли во угостителски објекти, приведени седум лица

Редакција