еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка ја олабави монетерната политикa: Основната каматна стапка намалена од 2,75 на 2,50 %

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, донесе одлука за намалување на основната каматна стапка во услови на поволни движења на девизниот пазар.

„Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 проценти на 2,50 проценти. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 12 декември e задржана на нивото од 25.000 милиони денари“, информираат од Народна банка.

Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи.

„Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите податоци за БДП за третото тримесечје од годинава покажуваат солиден економски раст од 3 проценти на годишна основа, малку повисок од очекуваниот во октомвриските проекции. Од аспект на структурата на растот, во третиот квартал поволните остварувања на извозната страна се главниот фактор за високиот позитивен придонес на нето-извозот за вкупниот економски раст. Позитивен придонес има и домашната побарувачка, воден од растот на личната и јавната потрошувачка, и покрај продолжениот пад кај бруто-инвестициите“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидл планира маркет и во Струмица

Редакција

Трета среќа: Владата ќе ги олеснува критериумите во повикот за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании

Редакција

Плати и надоместоци во бруто износ од 376.000 евра за членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје во 2019

Редакција