еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка.

На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.

Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата.

Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.

Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија го „шие“ Македонски Телеком по бројот на претплатници на интернет преку мобилна мрежа

Редакција

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Редакција

Штипски Бетон во загуба

Редакција