еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства“ со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа зголемување од 6,1 отсто при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Месечен и годишен раст од 0,8 односно 7,3 проценти се бележи и кај кредитите. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, а поизразено е кај „домаќинствата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети возила: Луксузни автомобили, камиони и автобуси по багателни цени

Редакција

Туристичкиот сектор бара бесплатни Ковид тестови за странските државјани и ажурирани информации за правилата на патување

Редакција

Брако сo 15% раст на приходите за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

Редакција