еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народната банка поднесе кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката

Народната банка информира дека до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај.

-Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ја финансира кампањата за парламентарните избори на Знам и Левица

Редакција

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Формирана Комисијата за помирување: Кој ќе ја води?

Редакција