еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Регионалниот совет за соработка (РСС) предупредува дека Регионалниот договор за роаминг на Западен Балкан е јасен и дека трошоците за роаминг од 1 јули годинава треба да бидат 0, односно да нема трошоци за роаминг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре разговори и интернет без роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

-Загрижени граѓани постојано ни јавуваат и велат дека одделни оператори не ги известуваат за тоа дека од 1 јули 2021 повеќе нема трошоци за роаминг, дека пораките се неодредени и комплицирани, а особено оние врзани за користење на мобилни податоци, односно интернет.

Ги повикуваме телеком операторите и националните регулаторни тела да обезбедат адекватни известувања, како и примена на договорот. Покрај тоа, граѓаните се советуваат за дополнителни информации да ги контактираат своите оператори, велат од РСС.

Во Регионалниот договор за намалување на цените на роамингот, нагласуваат, јасно се наведува дека од  јули давателите на услуги за роаминг во регионот на Западен Балкан нема да наплатуваат никаков дополнителен надомест на домашната малопродажна цена на корисниците на роаминг во регионот на Западен Балкан за регулирани повици во роаминг, појдовни или дојдовни, за сите регулирани СМС пораки, кои се праќаат во роаминг и регулирани услуги на пренос на податоци во роаминг, вклучувајќи и ММС пораки, како ниту општ надомест за користење на терминалната опрема или услуги во странство.

РСС во исто време наведува дека во соработка со националните регулаторни тела подготвиле список на најчесто поставувани прашања кои може да ги имаат граѓаните, а кои се поврзани со бесплатниот роаминг на Западен Балкан и тие прашања и појаснувањата и на македонски, можат да се прочитаат на следниот линк: www.rcc.int.

Од Регионалниот совет за соработка повториуваат дека седната фаза е почеток на работата со Европската Унија за намалување на цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе жени, 10 лица хоспитализирани, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Редакција

Филипче се сретна со дел од хирурзите од ГОБ „8 Септември“: Привремено ќе се реши проблемот со операциите

Редакција