еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е наше да кажуваме какво малцинство има во Бугарија, вели Маричиќ за изјавата на Петков дека нема Македонци

Новиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одговорајќи на прашање за изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека во Бугарија нема Македонци, рече дека не е наше да кажуваме каде и какво малцинство има во некоја држава.

„Најпрво мислам и досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било нашата соседна држава, а тоа е обврска од Уставот. Не е на Северна Македонија да кажува каде какво како малцинство има во некоја држава во регионот.

Тоа е внатрешно прашање на сите држави, вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение има право да си ги бара своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права.

Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска“, рече Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Во Бугарија нема Македонци, вели бугарскиот премиер Петков

Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска

Редакција

28,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

20 лица не го почитувале полицискиот час, 572 казни за неносење маска

Редакција