еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не е проблем епитетот фашисти, Бугарија бара многу повеќе

Очигледен дефокус во јавноста се обидуваат да направат одредени структури во земјава по контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС.

Провладините медиуми и претставници побрзаа да објаснат дека цел бугарски народ денес не може да го носи епитетот фашисти само затоа што Бугарија била окупатор во земјава во Втората светска војна.

Но, тоа е банален обид да се изместат сликата и тезите во однос на спорот што го наметнува Бугарија која упорно тврди дека во земјава континуирано се негува говор на омраза кон бугарскиот народ.

Тоа едноставно не е така. Во Македонија никој не вели дека Бугарија денеска е фашистичка земја, ниту пак дека Бугарите се фашисти, но затоа цел свет знае дека оваа земја била на погрешната страна на Втората светска војна и тоа не може да се избрише од учебниците затоа што се друго би било лага.

Дефокусот е дотолку поголем, бидејќи некако набрзина се заборави дека официјална Бугарија бара многу повеќе од македонската страна односно да се признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик потекнуваат односно имаат корени од Бугарија.

Значи вистинскиот проблем е што Бугарија во 21 век сака да каже дека ние сме биле Бугари, но дека сме биле изложени на пропаганда и ете сега сме збунети.

Простете, но тоа тешко дека ќе помине кај македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите со Македонија поради „говорот на омраза„

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Градоначалникот Димитриевски: Македонија беше окупирана од фашистичка Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна

И Вангелов, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија се огради и ги осуди изјавите на Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов нема да гласа: За референдумот за името ќе биде во Њујорк

Редакција

Од Ковид-19 починаа по две лица од Тетово и Гостивар и едно од Виница, најмладото на 48-годишна возраст

Редакција

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Редакција