Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја. Како што беше поднесена иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така и поднесовме и иницијатива за забрана на новоотвореното здружение „Цар Борис III“ до ОЈО Охрид, информираат од партијата.
“Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија.
Сепак, поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!
Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!
На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.
Не за бугарскиот Хитлер!
Смрт за фашизмот, слобода на народот!’, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За бугарскиот министер Милков, Тито е поголем проблем од „Цар Борис III“