еМагазин
Image default
Локално

Нечовечна измама: „Вработен“ во Центар за социјални работи му зел 11.000 денари за домашна нега

На 19 март во СВР Битола, Г.П. од Битола пријавила дека истиот ден во 11.30 часот на улица „Батаљон Стив Наумов“ нејзиниот татко Н.П.(73) од Битола бил измамен од непознато лице, информира МВР.

Според пријавеното, лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома. Н.П. му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обилни врнежи од снег во Македонија: Отежнат сообраќај на Плетвар и Стража

Редакција

Татко и син нападнати со стапови поради недоразбирање за напасување добиток

Редакција

Кривична пријава за млада кратовчанка осомничена за дилање марихуана

Редакција