Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил денеска објави дека и вториот тест за коронавирусот што му бил направен согласно здравствените протоколи бил негативен.
„Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.
Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово, Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.
Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови„, пишува Заев.
Овој вирус, додава тој, покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.
“Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од два метри, да се заштитиме, а со тоа да ги заштитиме и другите.
Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски
Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен
Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација
Фото: СДСМ