еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Негувателка обвинета за малтретирање на две деца, мајката забележала кога децата се бранеле од неа кога таа се приближувала

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

„Во првата половина од ноември 2019 година обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години. Но, додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата без причина, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата.

Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала негувателката, децата заземале одбранбено движење со кревање на рацете кон главата.

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата,“ се вели во соопштението на Обвинителство

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност од бегство и можност обвинетата да продолжи со извршување на кривичното дело, односно да работи иста или слична работа, со што и други деца би биле доведени во ризик.

Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмерите убедливо најплатени со просечна плата од 68.255 денари

Редакција

Од Ковид-19 починало едно лице

Редакција

Испорачувале помалку нафта во градинките и училиштата во Штип, од тоа што наплаќале: Кривична за 26 лица учесници во криминалот

Редакција