еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Програмерите убедливо најплатени со просечна плата од 68.255 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари.

Анализата на податоците на ДЗС покажува дека во Македонија има професии каде просечната плата е за два и пол пати повисока од државниот просек.

Пример за тоа е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата во декември изнесувала 68.255 денари со што вработените во оваа дејност се на врвот на листата најплатени професии.

Потоа следуваат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.111 денари, финансиско-услужни дејности (44.377 денари), воздухопловен транспорт (42.029 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (41.148 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнеплатени професии: Можат само да сонуваат за просечна плата

Рекорден пораст: Просечната плата за еден месец „скокна“ за 1.049 денари 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брако сo 15% раст на приходите за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

Редакција

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Русија од Украина бара да не се брани, да стане неутрална, Крим да биде руски и да ја признае независноста на Доњецк и Луганск

Редакција