еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Негувателка во градинка во Велес на децата им давала да пушат електронска цигара, Обвинителството отвори предистрага

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група, информираат од Јавното обвинителство.

-Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Маре Богоева Мицовска, директорка на Бирото за јавни набавки

Редакција

„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец

Редакција

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Редакција