еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Нема да се губи од плата доколку сте на боледување поради Ковид-19

На денешната владина седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од Ковид-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, информираат од Владата.

Донесен е заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од Ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од Ковид-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради Ковид-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2.806 денари

Редакција

Цените во декември со мал пад, инфлацијата и понатаму висoка, 18,7%

Редакција

„Работниците се државата“: Протест на синдикатите на 1 мај

Редакција