еМагазин
Бизнис

Нема енергетска криза, има доволно количини на струја, цената до крајот на годината останува иста, тврди Бектеши

До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок со сите чинители од енергетскиот сектор во рамки на првиот состанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба и согласно сите информации од нивна страна не беше донесена одлука за прогласување на електроенергетска кризна состојба во државата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба на која присуствуваа претставници од најголемиот производител на електрична енергија во земјата, носителот на лиценца за производство на електрчна енергија, носителот на лиценца за пренос на електрична енергија, носителот на лиценца за дистрибуција на електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика, еден експерт од областа и претставници од Министерството за економија.

Главната задача на оваа комисија е постојано следење, анализирање и проценување на електроенергетската состојба во Македонија и на електроенергетската состојба во соседните земји и има задача да го информира министерот.

„Владата веќе презеде и предвремени мерки, како што беше намалувањето на ДДВ-то. За жал, не помина законот, кој беше предложен од страна на Министерството за животна средина во делот на еколошката такса, за да може што повеќе средства да може да се користат во овие енергетски компании.

Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи.

Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на ЕСМ и МЕПСО во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар, “ кажа министерот Бектеши.

Министерот истакна дека државата ја гарантира цената на струјата и согласно тоа таа нема да се промени до крајот на годината.

„Се активираат сите домашни ресурси, од денеска веќе е во функција и вториот блок во РЕК Битола за да се обезбедат вкупните потреби за граѓаните.

Преземени се сите активности за активирање на третиот блок на РЕК Битола со набавка на дополнителни количини јаглен, со што ќе се активира повторно и ТЕЦ Осломеј, а остварена е комуникација за подготвеност за набавка на мазут за ТЕЦ Осломеј,“ кажа министерот и истакна дека состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вклучен и вториот блок на РЕК Битола, струја за граѓаните ќе има, тврдат од Влада

Можни рестрикции, потрошувачката на струја е поголема од производството, вели за Телма, директорот на МЕПСО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Јавните претпријатија вишокот средства ќе ги уплаќаат во буџетот

Редакција

А1 Македонија со повеќе претплатници на мобилна телефонија од Македонски телеком

Редакција

Пад на извозот од 20,2%: Кина повторно меѓу петте најголеми трговски партнери на Македонија

Редакција