еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема нови тестирани на корона вирусот, на Деве Баир доаѓаат туристи од Јапонија и Сингапур кои ќе бидат прегледани од епидемиолози

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека изминатото деноноќие немало тестирани на корона вирусот.

Филипче додаде дека добил информација од туристичка агенција дека група од 20 туристи од Сингапур и Јапонија, пристигнуваат на Деве Баир преку Бугарија, а доаѓаат од Романија.

„Тие ќе бидат детално интервјуирани и прегледани, бидејќи во Романија има регистрирано заболен,“ рече Филипче.

Тој додаде дека странците од вчера попладне добиваат СМС порака, во која стои дека ако почувствуваат симптоми слични на грип да се јават на теледонскиот број на Институтот за јавно здравје,како и информации кои се добиваат на флаерите на граничните премини.

Преку конзулатот министерството е со почести контакти со нашите граѓани во Северна Италија, во случај да планираат да доаѓаат.

Во Европа број на заразени расте и тој се зголеми на над 5.000, а во Србија има прв регистриран случај. Од регионот, корона вирусот го нема во Албанија, Косово и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов биланс: Од коронавирусот во светот починаа 3.304, заразени се 96.274, а излекувани 53.900 лица

Драстичен раст на заразени со коронавирусот во Грција, бројот се искачи на 31

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кризниот штаб го прифати предлогот за олабавување на мерките, предложени од Комисијата за заразни болести

Редакција

71-годишен маж загина во несреќа во лифт во ресторан во Штип, друг се бори за живот

Редакција

Нова средба на историската Комисија со Бугарија во Скопје, македонската страна со нов член

Редакција