Залихи на брашно има за цел месец, за 30 дена, а веќе од петокот интензивно се увезува пченица за навреме да се обезбедат и дополнителни количини, соодветно на потребите, изјави за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската групација при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.
Тој апелира граѓаните да не создаваат паника и да не купуваат резерви.
„На последните два состанока во Министерството за финансии известивме дека, според наша проценка, залихите кај приватните млинови се за околу еден месец, 30 дена. Пченица за производство на брашно од Србија можеме да увезуваме, како и од Бугарија и од Унгарија.
Всушност, од регионот нема забрана за увоз на пченица. Регионалните влади усвоија протокол за возачите-транспортери. Тие треба да се придржуваат до протоколот за да не бидат во карантин како другите патници и за да функционира размената“, истакна Малишиќ.
Според него, цената на пченицата е зголемена последните два месеца и поскапувањето на брашното од 10 до 15 денари е во контекст на тоа зголемување.
„Цената не е зголемена поради коронавирусот, туку уште пред тоа. Најголемите зголемувања на цените се всушност во малопродажбата, односно кај трговците, а не кај млиновите“, потенцира претседателот на Групацијата.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата забрани извоз на пченица, инспектори ќе „бараат“ скриени залихи храна
Влада: Се затвораат моловите освен за храна и лекови: Купување само преку нарачки и достава
Влада: Се затвораат моловите освен за храна и лекови: Купување само преку нарачки и достава