еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневен случај во Скопје: Киднапирале крадец откако „олеснил“ казино

На 21.05.2019 година околу 20.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ш.(55) од Скопје пријавил дека противправно бил лишен од слобода од лицата М.Н. и Ф. Ј, информира МВР.

Според пријавителот, тие имале договориена средба во слаткарница во врска кражба што пријавителот ја извршил на 19.05.2019 година во казино, каде што работела М.Н.

После тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. После половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде М.Ш. бил приведен во врска со кривичното дело „кражба“.

Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Раководителот на тетовски Водовод физички нападнат во канцеларија

Редакција

Радовишанец нападнал полицајци во Полициска станица

Редакција