На 20.10.2020 СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл.247 од Кривичниот законик, информира МВР.
„Имено, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати – бела техника, кои што не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.
Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл. 247, извршено од Ф.М.“, соопшти МВР.