Ни германската канцеларка Ангела Меркел, која доаѓа од сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ и која пред неколку години даваше подршка на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да го предомисли лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за договорот за името со Грција.
Речиси идентични беа трите соопштенија на партијата по средбите на Мицкоски со првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар, Себастијан Курц (кој пред да стане премиер важеше за пријател на некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски) и Меркел, кои деновиве ја посетија земјата за да дадат подршка за престојниот референдум за името.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не го прифаќа договорот со Грција, а што ќе им порачат на своите гласачи за референдумот ќе соопштаат следната недела.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ