еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Низ дијалог и со намалување на тензиите да се надминат отворените прашања меѓу Скопје и Софија, порача од Скопје чешкиот министер за надворешни Липавски

Нашиот став е дека проширувањето мора да се заснова на заслуги. Билатералните спорови не треба да бидат причина да се става вето на зачленувањето на земјата во ЕУ. Јас сум тука за да покажам и да укажам дека може преку дијалог да се решат овие прашања. Потребно е и смирување на тензиите, порача шефот на чешката дипломатија Јан Липавски на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Треба да се продолжи со дијалогот во којшто ќе се разјаснат сите овие прашања. Има јасни цели што треба да се постигнат при ваквиот дијалог, има задачи кои што Северна Македонија треба да ги исполни преку Парламентот. Ситуацијата секако не е лесна, но таа треба да се води, менаџира на начин со кој ќе се намалат тензиите, ќе се води дијалог во позитивна насока.

Веќе започна патот кон евроинтеграциите треба да се смири ситуацијата и да продолжи да се работи. Тоа е прашање што треба да го решат двете земји, рече Липавски, прашан за коментар за евроинтеграциите на земјата и за последните тензии помеѓу Скопје и Софија и за провокациите од бугарскиот европратеник Александар Јорданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Пендаровски за европратеникот Јорданов: Најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи, очекувам реакција на Софија

Министерот Османи во однос на тензиите со Бугарија, посочи дека двете земји во изминатите неколку години создадоа рамка низ која треба да се канализираат разликите, но, за жал, вели, комуникацијата е влошена поради честите изборни циклуси во Бугарија.

-Обично изборните процеси се тие што ја вжештуваат комуникацијата. Има политичари кои во неможност да нудат нешто на граѓаните секогаш се фаќаат за резервните теми кои што создаваат емоции и тие ги прават како сопствен наратив за да се изгрдат во тој политички натпревар што ги наметнува изборите. Тоа е не само кај нас и во Бугарија, туку секаде во светот.

Тоа што треба нас да не разликува е како официјалните државни власти се однесуваат на таквите амбиции на политичари да се хранат со конфликти и со лоши односи помеѓу државите и општествата. Прашањето е дали ние ќе потклекнеме на таквите провокации или не.

Мислам дека Северна Македонија во овие години покажа мудрост и зрелост да не потклекне на таквите провокатори кои се делумно диктирани од изборните агенди, а делумно од некоја невидлива рака која се обидува често во овој регион да има постојани латентни конфликти, бидејќи само така ги остваруваат своите цели.

Оттука мојата порака до Република Бугарија е дека е време да го прекине тој циуклус на негативни односи којшто не е во интерес ниту на двете држави, ниту на двете општетства, рече Османи.

Тој притоа потенцира дека Македонија е позната по односот кон индивидуалните и колективните права на граѓаните и тоа е најсветлата точка на нашиот имиџ во светот, на која вели, нема да се дозволи некој да стави дамка.

-Ние, државата, ќе се однесуваме подеднакво кон сите граѓани независно од која етничка заедница припаѓаат. Јас се надевам дека оваа порака ќе биде добро прифатена во Бугарија и дека ќе се возврати позитивно, наметнувајќи една позитивна агенда во нашите односи, рече Османи.

Прашан како очекува да се вратат на позитивната агенда во односите со Бугарија и покрај сите провокации и омаловажувања, Османи е уверен дека аргументите се на наша страна, а вистинскиот курс од кој нема да отстапи е преку примена на сите расположиви дипломатски инструменти.

-Аргументите се на наша страна ние мора да се покажеме мудри и зрели и мора да ја задржиме поддршката на нашите партнери. Засега имаме само пофалби по однос на начинот на кој се однесуваме во овој негативен дискурс во којшто сме влезени со Бугарија.

На сите пораки, навреди провокации кои доаѓаат од Бугарија ние одговараме соодветно со сите можни дипломатски инструменти и на Бугарија и на европските партнери за да ги држиме континуирано информирани.

Граѓаните да бидат спокојни, има институции кои ќе се грижат за нашите интереси, а ние ќе ја продолжимне таа битка за докажување дека аргументите се на наша страна, вели министерот Османи.

Тој нагласи дека нема да се дозволи да се злоупотребат изолирани инциденти за да се каже дека тука се води системска репресија врз заедниците затоа што тоа не е така, а потврда е вели и Предлог резолуцијата во Советот за Европа за малцински прашања од пред неколку недели во која нема ниту една забелешка за односот на државата кон бугарската заедница.

-Обидите на Бугарија да предложат амандмани на таа резолуција се неприфатени од сите земји-членки и за нас тоа е важно. Кој ќе остане ставот на останатите, затоа што ако тој став го прифатат или се прелее во ЕУ ние тогаш немаме игра, вели министерот Османи.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Орка Холдинг“ преку ,,Аџибадем Систина“ влегува и во здравствениот сектор во Србија

Редакција

(Графикон) 43 деца до 9 години во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

Фијат Цаноски сведочеше за уривањето на „Космос“: „Ме малтретиравте со рушењето, сега со судењето“

Редакција