еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка оствари добивка од 20,5 милиони евра за девет месеци

Нето добивката на НЛБ Банка заклучно со 30.09.2020 година изнесува 1.265.413.000 денари и е намалена за 13,1% во однос на истиот период претходна година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2020 година се пониски за 1,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,0%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,2% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски“, информираат од банката.

Нето приходите од провизии се пониски за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 1,0% како резултат преземените мерки на банката за олеснување на последиците од Ковид-19 пандемијата кај клиентите како што се времено укинување на надоместоците за електронско банкарство, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената потрошувачка активност на клиентите во странство во услови на криза.

„Расходите за провизии се намалени за 2,2%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 306.399.000 денари и се повисоки за 40,9% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и остварена капитална добивка од продажба на превземени средства.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.304.026.000 денари и се повисоки за 1,7% во однос на истиот период претходната година“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На берзата продаден блок акции од НЛБ Банка за 680.000 евра

Матеја Тревен именувана за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

НЛБ Банка по повод 35 годишниот јубилеј ja продолжува промотивна кампања за кредити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Кочани почина 16-годишно момче

Редакција

„А1 Македонија“ го доби тендерот на општина Тетово за телекомуникациски услуги вреден 56.000 евра

Редакција

Пад за 81,8%: Минатата недела два смртни случаи од Ковид-19

Редакција