еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

НЛБ Банка во периодот од 01.09.2019 до 31.10.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и хипотекарни кредити со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување.

Каматните стапки на НЛБ Кредитите се намалени до 0,7 процентни поени, при што кај НЛБ Потрошувачките кредити започнуваат од 5,3% годишно, додека кај НЛБ Хипотекарните кредити започнуваат од 4,9% годишно.

Во рамки на промотивната кампања сите НЛБ Кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека кредитите со обезбедување на недвижен имот ќе се одобруваат и без трошоци за проценка. Промотивната понуда важи за сите ново-одобрени кредити.

Воедно, НЛБ Банка во својата понуда воведе осигурување на отплатата на кредитот за потрошувачките кредити, кое е прво и единствено од овој тип на пазарот. Со овој тип на осигурување кредитокорисниците се осигуруваат од неможноста редовно да го враќаат кредитот поради престанок на работен однос, боледување или незгода.

За новите кредитни продукти клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

Редакција

Урбан стил – нов инстант лоз на барање на урбаниот начин на живењее

Редакција

„Дискаверер“: Не одете во Дубровник, одете во Охрид

Редакција