еМагазин
Image default
ЖИВОТ

НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите

Согласно усвоените мерки на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести на Република Северна Македонија, со цел превенција на ширење на Корона вирусот, за времетраење на истите, НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите, и тоа:

Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 08-12 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм нема да работат.

НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГУЖВА

Минимизирајте ја посетата на експозитури, закажувањето на состаноци, директниот контакт со соработници и вработени, како и ракување и долго седење во затворени простории.

ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ СЕ

Во секоја експозитура поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ

Контактирајте нé на 02/15-600 и на мејлот [email protected] во било кое време. Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите ОВДЕ.

КОРИСТЕТЕ ГИ НЛБ CASH–IN БАНКОМАТИТЕ

НЛБ Cash-In банкоматите Ви овозможуваат да реализирате дополнителни услуги како уплата на сметка, платежни картички, кредити, дневен промет и режиски трошоци. Листата на НЛБ Cash-In банкомати Ви е достапна ОВДЕ.

КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички.

Повеќе информации можете да добиете на nlb.mk

РЕАЛИЗИРАЈТЕ БЕЗГОТОВИНСКИ И БЕСКОНТАКТНИ ТРАНСАКЦИИ

Безготовинските трансакции Ви се достапни во секое време преку картичките на НЛБ Банка и Ви овозможуваат дополнителна заштита бидејќи на овој начин немате директен контакт со готовина. За дополнителна заштита, плаќајте бесконтактно со едноставно приближување на картичката до ПОС терминалот.

ПЛАЌАЈТЕ БЕСКОНТАКТНО СО NLB PAY МОБИЛЕН ПАРИЧНИК

Плаќајте преку мобилниот паричник NLB Pay, брзо и бесконтактно, само до доближување на мобилниот телефон на ПОС терминал. Апликацијата можете да ја преземете на следниот линк: play.google.com/store/apps/details?id=mk.nlbpay.makedonija.

ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ЛИМИТОТ ЗА ТРАНСАКЦИИ

За Ваша поголема сигурност и безбедност при користење на НЛБ Платежните картички, имате можност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Контакт центарот да извршите промена на лимитите за плаќање или подигнување на готовина со Вашите НЛБ Платежни картички.

НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС

НЛБ Контакт центарот Ви е достапен во секое време за сите Ваши потреби и прашања на телефонскиот број 02/15-600 и на мејл [email protected] . Со цел навремена и квалитетна услуга на клиентите, во моментов НЛБ Контакт центарот работи со засилени капацитети.

Исто така НЕЛА – НЛБ Електронскиот асистент Ви е достапен на НЛБ Viber ChatBot 24/7 за сите Ваши прашања за продуктите и услугите на НЛБ Банка. Дополнително, можете да нé контактирате и преку социјалните мрежи и веб страницата на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експозитурите на НЛБ банка ќе работат со скратено работно време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево време со умерена облачност, на запад можен краткотраен дожд

Редакција

Претпладне магла, попладне повремени врнежи од дожд и снег

Редакција

Денеска сончево со мала облачност, попладне можен краткотраен пороен дожд и грмежи

Редакција