Во моментов има вкупно 90.893 пријавени случаи на Ковид-19 на глобално ниво, и 3.110 смртни случаи, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Во изминатите 24 часа, Кина пријави 129 случаи, што е најмал број од 20 јануари.
Вон Кина пријавени се 1.848 случаи во 48 земји, а 80 проценти од случаите се во Република Кореја, Иран и Италија.
Вкупно 12 држави пријавиле први случаи, а во моментов има 21 земја со по еден случај. 122 земји не пријавиле ниту еден случај на зараза.
– Сфаќаме дека луѓето се плашат и се несигурни. Стравот е природен одговор на човекот на секоја закана, особено кога станува збор за закана што не ја разбираме целосно. Но, како што добиваме повеќе податоци, сè повеќе и повеќе учиме и го сфаќаме вирусот и болеста што ја предизвикува, изјави синоќа директорот на СЗО, Тедрос Адан Гербрејесус.
Според Интернет страницата Волрдметерс во светот има 93.191 случаи на заразени со новиот коронавирус, 3.203 починале, а 50.984 луѓе оздравеле.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца патници од Италија и Шпанија тестирани на коронавирус, резултатите негативни