еМагазин
Image default
Бизнис

Нов дигитален македонски туристички водич

Презентација на дигитален маркетинг во туризмот и практична обука за користење на новата дигитална платформа „Македонски Туристички Водич“, беа денеска организирани од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), како дел од активностите на потпроектот „Промоција на информатички технологии за развој на туризмот“, финансиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

„Во изминатиот период континуирано со членовите на Сојузот се согледуваа предизвиците со кои се соочени во време на криза, со цел изнаоѓање на соодветни мерки за поддршка и ублажување на нејзините ефекти врз стопанството.

Потребата од дигитализација се покажа за неопходна при адаптација на новите услови, со сите пропратни алатки и можности во секојдневното работење на компаниите.

Организиравме презентација за поддршка и зголемување на искористеноста капацитетите во секторите туризам и угостителство, со цел да се зголеми искористеноста на дигиталната платформа „Македонски туристички водич“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Тој се надевам дека платформата ќе биде најпрепознатлива за сите релевантни податоци за туризмот од нашата држава.

На презентацијата учесниците се запознаа за состојбата и трендовите во туризмот во последната деценија и состојбите од аспект на дигитализацијата, со цел трансформација на туристите од „пасивна публика“ во активни учесници кои креираат содржина, соработуваат и придонесуваат за туризмот.

Од ССК истакнуваат дека била потенцирана важноста што голем дел од туристите знаат што бараат и имаат потреби и желби за специјализирани туристички производи, кои најчесто ги бараат преку интернет.

-Затоа учесниците се запознаа со информациите и можностите за зголемување на користењето на дигиталниот маркетинг, креирање и промоција на различни содржини, оптимизацијата и можностите, трендовите и препораки за маркетинг преку социјалните мрежи, велат од ССК.

Оттаму информираат дека била презентирана и новата веб ГИС апликација за развој на туризмот „Македонски туристички водич“ која претставува интеграција на просторни податоци релевантни за туризмот и овозможува корисниците да може да пребаруваат разни категории и податоци за туризмот.

-Преку апликацијата www.tourism.mk секој може да пронајде локација од интерес, да го испланира своето патување, да генерира рута од една до друга точка, да идентификува интересни попатни локации на таа рута и да ја истражи околината, истакнуваат од ССК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Кои се најуспешните туристички агенции во Македонија

Редакција

УЈП ги повикува граѓаните навремено да ги проверат годишните даночни пријави

Редакција