еМагазин
Image default
Бизнис

Нова листа должници на УЈП: 4.683 граѓани и фирми должат 161 милиони евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.11/2020 за долгови доспеани до 31.07.2020 и неплатени до 31.10.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата на должници бр.11/2020 објавени се 1.964 должници – правни лица (помалку за 40 од претходната листа) и 2.719 физички лица (повеќе за 409 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.11/2020 изнесува 9.955.597.703 денари, повеќе за 262.436.188 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.758.588.674 денари (повеќе за 88.411.220 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 197.009.029 денари (повеќе за 174.024.968 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП, меѓу нив и СЈО

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 11,4 милиони евра убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од полноќ пониски малопродажните цени на нафтените деривати

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на владината Служба за општи и заеднички работи за набавка на масло за горење вреден 57.000 евра

Редакција

Центарот за јавно здравје – Скопје вработува 14 лица, плата до 33.727 денари

Редакција