еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова понуда на Охридска банка: Станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови; најдолго гарантирана фиксна каматна стапка, за првите 10 години од отплатата на кредитот, притоа обезбедувајќи едноставна и транспарентна пресметка на ратата и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

Новиот концепт се однесува на станбен кредит со 10 години гарантирана каматна стапка која изнесува 3,5% и е наменет за купување, изградба и реновирање на недвижен имот. По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор.

Месечната рата за отплата на кредитот се дефинира од првиот ден и таа останува непроменета сè до истекот на десеттата година од отплатата. Па така, за кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите 10 години е загарантирана и изнесува 174 евра.

Додека по десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор. Па така, ако се земе во предвид моменталната каматна стапка од 5,80% плус шестмесечната стапка на Еурибор, ратата би изнесувала 193 евра.

„Покрај станбениот кредит со 5 години фиксна каматна стапка, денес воведуваме нов концепт на станбен кредит кој нуди подолго гарантирана каматна стапка која е навистина атрактивна, во линија на пазарната понуда и нуди еден поинаков пристап кон отплатата.

Со каматна стапка од 3,5% во првите 10 години од отплатата на клиентите им нудиме можност уште на самиот почеток да може да ја вкалкулираат висината на ратата во нивните семејни приходи и на тој начин, многу поедноставно, транспарентно, без никакви промени во следните 10 години да го отплаќаат кредитот.

Охридска банка постојано го следи трендот на каматните движења на пазарот и нуди кредитни производи кои се поволни, конкурентни и адапирани на барањата на клиентите. Дополнителни поволности нудиме за клиентите кои купуваат станови од инвеститори со кои банката има соработка, за кои гарантираната каматна стапка за првите 10 години изнесува 3,4%, а клиентите се ослободени и од адиминистративни трошоци и трошоци за процена на имот ”, изјави Катерина Јанковиќ, раководител на Дирекција Продажна мрежа.

Повеќе информации за станбениот кредит со 10 години фиксна каматна стапка, како и за останатите станбени кредити на Охридска банка може да прочитате на www.ohridskabanka.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Еуростандард банка го претстави својот нов производ Mastercard дебитна картичка со мирис на малина  

Редакција

2.300 здравствени работници поминаа тренинг програма за да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

Редакција

Бимилк отвора уште една Balans+ Зона: Крива Паланка доби нов спортско-рекреативен простор

Редакција