Зоолошката градина Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографија од лавот Жика и новодојдената лавица Акети која пристигна во скопската ЗОО пред неколку месеци.
„Лавот Жика и лавицата Акети сега живеат заедно во заедничко живеалиште. Имаа подолг период на запознавање и адаптација, а Акети која во Скопје ЗОО пристигна пред неколку месеци веднаш покажа симпатии кон Жика😁. Кој вели дека во животинскиот свет нема љубов? ❤️“, напишаа од Скопје ЗОО.
Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.