Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.
Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 5.895, активни 856
Куманово 1.468, активни 377
Дебар 252, активни 84
Штип 1.134, активни 169
Прилеп 455, активни 107
Тетово 1.208, активни 164
Струга 560, активни 59
Велес 270, активни 31
Битола 203, активни 40
Охрид 337, активни 34
Кавадарци 182, активни 80
Гостивар 779, активни 233
Гевгелија 49, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
Струмица 65, активни 21
Крива Паланка 46, активни 17
Радовиш 42, активни 6
Крушево 16, активни 0
Кочани 143, активни 29
Пробиштип 80, активни 15
Демир Хисар 60, активни 16
Македонски Брод 71, активни 18
Пехчево 18, активни 12
Берово 57, активни 48
Валандово 9, активни 2
Виница 70, активни 38
Делчево 59, активни 50 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 18, активни 3
Свети Николе 287, активни 63
Кичево 269, активни 70
Ресен 146, активни 0
Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
“Направените 1.297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три скопски општини со по над 100 активни случаи на Ковид-19
Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје
Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип