еМагазин
Image default
Македонија

Нови 30 дена притвор за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор.

Кривичниот суд во петокот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина дотогашниот директор Сашо Мијалков.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаме информации дека во Бугарија е човек поврзан со убиството на Вања, велат од бугарско МВР

Редакција

Почна судењето за „Јавна соба“, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата

Редакција

Лажен оџа од Кочани, кој требал да „лекува“ девојче од црни магии, два пати ја силувал во стан во Гостивар

Редакција