еМагазин
Бизнис

Нови авионски линии од Анкара, Измир и Истанбул до Скопје и Охрид

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.

Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.

Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов Xiaomi Store во Скопје: Денеска со специјални промоции за најбрзите фанови

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на цевки вреден 479.000 евра

Редакција

Цигарите на Империал тобако поскапеа за 10 денари

Редакција