еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови ковид-протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија

Македонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од Европската агенција за лекови (ЕМА)/Германија со важност од девет месеци наместо досегашните 12 месеци, соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР) согласно препораките од Европската комисија.

Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност.

Од МНР посочуваат дека патниците при влез ќе треба да ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез.

-Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Северна Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина.

По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина, се наведува во соопштението.

Шпанските власти соопштуваат дека влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.

Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од Светската здравствена органицација (СЗО) и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна СЗО и ЕМА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за патување во Европска унија: Ковид-сертификатите ќе важат само девет месеци

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Божиќна серенада” традиционален божиќен дар од Бигорски манастир

Редакција

Раст на прометот на Македонската берза во мај

Редакција

(ВИДЕО) Најдобар пласман на Македонија на Евровизија: Тамара осма, победи Холандија

Редакција