еМагазин
Image default
Македонија

Новиот косовски амбасадор во Македонија со навреди кон сите што беа против неговото именување

Досегашниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај, кој е веќе именуван за амбасадор во Македонија, упати навреди кон сите кои се противеа на ова негово именување, нарекувајќи ги „кравари“, „пратеници на срамот“, „новинари платеници“ и слични навредливи епитети, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Продолжувам во МНР, во очекување на новата мисија во Скопје! Не ми се пие кафето, кога слушам какви „големи мажи на нацијата“ го бараат моето разрешување… и не знам дали се погледнале себе си во огледало тие препродавачи на крави, одгледувачи на печурки, (б)аналитичари, „пратеници“ на срамот, „новинари“ платеници?!, напиша Дедај на својот профил на Фејсбук.

Именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност и медиумите, главно поради неговите навредливи изјави во однос на турската држава.

Пратениците од малцинските етнички заедници од Групата 6+ во косовското Собрание побараа разрешување на Дедај и се спротивставија на неговото именување за дипломатски претставник на Косово во Македонија.

Со отворено писмо против именувањето за амбасадор се јави и градоначалникот на Митровица Агим Бахтири, кого Дедај го нарече „одгледувач на печурки“, поради тоа што е сопственик на фабрика за преработка на печурките.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застаре и делото на Бучковски за „Тенковски делови“

Редакција

МВР со детали за железничката несреќа кај Куманово

Редакција

Истрага „Пропаганда“ на СЈО: Како се ширела „пропагандата“ на Груевски со пари на граѓаните

Редакција