еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нов сој на Ковид-19 регистриран во 36 земји низ светот

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Јерусалем пост.

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел.

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија.

Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на новиот сој на Ковид-19, “Ерис“

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Редакција

(Видео) Британија на полноќ излегува од ЕУ: Што се менува по Брегзит?

Редакција

Топ пет највисоки плати: Програмерите и воздухопловците во тесна трка

Редакција