Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи, споредено со претходните години.
Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредено со 30, 40 во изминатите години.
Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку споредено со 30-на случаи кои биле примени во претходните години.
„Навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирање и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче со благодарност до граѓаните за почитување на мерките и нивното трпение
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.