Министерство за здравство информира дека починаа нови девет пациенти од корона вирусот, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Тетово и еден пациент од Охрид
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни,“ информираат од Министерство за здравство.
Вкупната бројка на починати до сега изнесува 210.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306
Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140
Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803
Фото: МЗ